Наши производи
Совети:
Fibran geo
Камена волна Fibran geo
Напредната производствена технологија му дозволува на Fibran да понуди производ со исклучителни својства и квалитет. Единствениот распоред на влакната и постојаната хемиска композиција, осигуруваат стандардност во дебелината и густината, и уште повеќе согласност со правилата на околината.
Својства на камената волна Fibran geo
- Природен еколошки производ – Воланта е направена од минерали кои доаѓаат од земјата. Процесот на производство го прави производот близок до природата.
- Отпорност на влага – Минералите во форма на волна се неосетливи на влага и корозија. Исто така таблите произведени со специјален третман не апсорбираат вода.
- Отпорност на оган – Камената волна е незапалива благодарејќи на својата хемиска природа. Заштитата од оган е единствената која ја има во однос на другите материјали, и затоа единствено се препорачува како метеријал за заштита од пожари.
- Димензионална стабилност-механичка јачина – Неоганското потекло на репро материјалите за производство на камената волан осигуруваат стабилност во било какви временски услови. Благодарејќи на производствената технологија таблите имаат одлична дополнителна јачина, вклучително компресивноста и растегливоста.
- Звучна изолација – поставеноста на влакната и нивната поставеност внатре во камената волна го прават Fibran geo еден од најдобрите звучни изолациони материјали.
- Неотровна и антибактериска – Камената волна е хемиски неутрална, не содржи никакви надразнувачки или корозивни цубстанци. Камената волна Fibran geo не е погодно тло за пазвивање на бактерии или микроорганизми.
Примена на камената волна Fibran geo
- Fibran geo во градежништвото
Со развојот на технологија на градба и архитектура, станува се појасно дека модерната зграда мора да има:
- добра термичка изолација (за заштеда на енергија и уште повеќе за заштита на околината)
- звучна изолација (за нормално работење и живеење)
- заштита од пожар (за безбедност на луѓето и објектите)
Единствената комбинација на својствата која ги има камената волна ја прават единствено решение за горе наведените услови.
- Fibran geo во индустријата
Одамна е докажано дека примената на термичката изолација во индустријата е од многу висока важност. Fibran geo ја нуди една од најдобрите солуции за овие потреби. Високите температури кај индустриските апликации, во многу случаи сложените еколошки услови, ја прават камената волна Fibran geo незаменлива алатка во рацете на инженерите.
- Fibran geo во бродоградителството
Во оваа индустрија многу строгите правила за огнозаштита ја прават камената волна Fibran geo единствено решение за звучна и термо изолација на бродовите.
Камената волна е произведена со топење на вулканските камења
Производството на камета волна се врши со топење на вулканските камења на температура помеѓу 1500° – 1600° C за да се добие лава. Лавата потоа се врти за да се добијат влакна кои се собираат и дистрибуираат на контролоран начин за да се произведат хомогенизирани во густина табли и ролни. Овој навидум едноставен процес е возможен само со примена на највисоко ниво на технологија во производството, се со цел да осигури камената волна Fibran geo да ги има најдобрите квалитети на хемиската композиција и димензиите на влакната.