Наши производи
Совети:
Често поставувани прашања
-
Како да го избереме TERMOPOR за фасада
мора да биде 20 кг/м3 густина, без рециклиран материјал и со ознака според ЕН ЕПС 100
-
Какви треба да бидат лепилата кои се користат за термофасада
- да имаат гаранција за адхезија со термоизолациониот материјал
- носивост
- еластичност
- лесна припрема
- јачина на притисок
-
Како да се избегнат пукнатините околу прозорците
врз нормалното рабицирање на фасадата, дополнително се армираат со рабиц мрежа дијагоналите околу отворите
-
Зошто не е препорачливо користењето на темни интензивни бои на фасадат
Темните бои доведуваат до загревање на површината, која се концентрира само на површинскиот слој над термоизолациониот материјал, кој што пак го спречува продирањето на топлината во ѕидот. Тоа манифестира термички оптеретувања и појава на т.н. бледеење на фасадата.
-
Колку е нормалниот век на траење на една термо фасада
нејзината долготрајност зависи од 2 фактора, и тоа дали се употребени материјали кои се специјални за термофасада ( на пр. Дали наместо лепило за термопор се користи обично лепило за плочки, и сл.) и второ од самиот изведувач на фасадата кој мора да биде професионална фирма со искуство. Инаку огромен број на фасади се во функција веќе повеќе од 45 години, но има и такви кај кои проблемите се манифестираат веднаш после 2-3 месеци.
-
Колку е заштедата кај една прописно изолирана куќа?
Според сите параметри и истражувања изолираната куќа троши и до 60% помалку енергија за греење и ладење
-
Колку чини материјалот за 1 м2 на TERMOPOR термофасад
просечно 1 м2 TERMOPOR термофасада ќе ве чини од 6,50 до 8,00 евра, тука влегуваат само материјалите потребни за TERMOPOR термофасада, значи:
- TERMOPOR EPS дебелина: мин. 70 мм
- типли
- рабиц мрежа
- лепило MARMODOM FL 100
- цокл шина
- ќош лајсни
- лепило MARMODOM FL 100 СТ
тука не влегува работна рака, завршна фасада ( лик) на објектот