arrow arrow

TDS XPS FL 400-L

Опис:

FIBRAN XPS FL 400-L е термо изолациона табла направена од екструдиран полистирен, со мазна површина, и со ’нут’ краеви, заради избегнување на термо мостови.

Апликации:

Термо изолацијата овозможува безусловна заштита во влажна околина, или во состојба на високи механички оптеретувања.

  • Термо заштита на класични рамни покриви
  • ТЕрмо заштита на паркинг површини
  • Термо заштита на ’обратни’ рамни покриви
  • Термо заштита на систем на зелена градина на рамен покрив
  • Термо заштита и механичка заштита на хидро мембрани кај подруми
  • Термо заштита на подови кај магацини, индустриски хали и сл.

Квалитет:

Производите се во согласност со:

  • EN 13164
  • EN 13501 – 1
  • EN ISO 11925-2: 2002

И со следните потврдени лаботатории:

  • ZAG Љубљана
  • FIW Минхен
  • MPA BAU Хановер

Заштита на околината:

  • Производот FIBRAN ECO FL 400-L е произведен со агенси кои се благопријатни за коколината
  • Сѐ 100% погодни за рециклажа

Технички карактеристики:

XPS – EN 13164 – T1 – CS(10/Y)400 – DS(TH) – WL(T)0.7 – WD(V)3

Вредности; Мерки EN стандарди 400-L
Завршеток L
Површина Мазна
Димензии на таблата mm EN 822 1250/600
Толерантна дебелина EN 823 T1
Декларирана вредност на сила на компресија со 10% kPa EN 826 400
Декларирана термо проводливост (после 25 години) 20mm≤d≤30mm W/(m*K) EN 12667 0.033
40mm≤d≤50mm 0,036
≥60mm 0,038
Долготрајна абсорпција на вода со потопување Мазна површина vol % EN 12087 0.7
Абсорпција на вода со дифузија vol % EN 12088 3
Фактор на отпорност при дифузија на пареа (-) EN 12086 150-50
Температура на користење ° C Од -50 до +75
Реакција на оган Класа EN 13501-1 E

Објаснување на кодот во согласност со 13164:

  • XPS – кратенка за екструдиран полистирен
  • EN 13164 – број на европскиот стандард за екструдиран полистирен
  • Ti – декларирано ниво на толеранција на дебелината
  • CS(10/Y) – декларирана сила на компресија кај 10% деформација
  • DS(TH) – деклариран степен на димензионална стабилност под специфична температура и услови на влажност
  • TRi – сила на растеглување перпендикуларно на лицето σm
  • WL(T)i – деклариран степен на абсорбција на вода при целосно потопување
  • WD(V)i – деклариран степен на абсорбција на вода при дифузија
  • Mui – деклариран фактор на отпор на водена пареа
close me

Термоизолирање одвнатре на објектот

Овиј начин се практикува единствено во случаеви кога е невозможно да се работи однадвор, во случаеви на голема висина (кај стамбени згради), проблеми со соседи, неможност за пристап и слично.

close me

Сендвич ѕид

Во мианатото, а во некои случаи и сега е доста практикуван начин на изолирање, најмногу форсиран од т.н. стари мајстори и градежници заради подолга работа и можност да се покријат евентуални грешки.

close me

Надворешна термо фасада TERMOPOR

close me

Како се лепи TERMOPOR-F?

  • image

    1.Површината (туле, бетон и сл.) на која ќе се лепи TERMOPOR-F, мора да биде исчистена одпрашина и поголеми нерамнини.

  • image

    2.Во подножјето на ѕидот се поставува цокл профил чии димензии зависат од дебелината на TERMOPOR-F табелите, на пример ако се користат табли со дебелина од 50mm, тогаш цокл профилот мора да биде со дебелина од 53mm.

  • image

    3.Цокл профилот на ѕидот се прицврстува со стандардни шрафови и типли. Евентуално како замена на цокл профилите може да послужи и дрвена летва чија дебелина одговара на дебелината на TERMOPOR-F таблите, кои се користат за термоизолација.

  • image

    4.Долж прицврстената цокл шина на ѕидот се лепи рабиц мрежичка, чиј долен крај после поставувањето на првата табла се превртува на неа. За лепење на мрежичката на мрежичката се користи лепило за стиропор.

  • image

    5.TERMOPOR-F 20kg/m³ таблите се лепат на ѕидот на тој начин што лепилото рамномерно се распоредува по сите ивици на таблата и плус на уште неколку места по таблата.

  • image

    6. Секој нов ред отпочнува на половина од долната табла.

  • image

    7.Откако ке се заврши со летење на TERMOPOR-F таблите, на надворешните ивици на сите отвори на фасадата (врати, прозорци и др.) се преминува на лепење на аголни ПВЦ профили со мрежичка.

  • image

    8.На залепените TERMOPOR-F табли се нанесува слој од лепило и во него се втиснува рабиц мрежа(5x5mm). Рабицот се поставува така да има преклоп.

  • image

    9.Со додавање на малку леписо се оди на завршно глетување, а после 24 саати, со ваљак се нанесува на целата површина слој од темелната (грунд) маса.

  • image

    10.Неколку часови одкако ке се заврши со нанесувањето на основниот грунд, може да се отпочне со нанесување на завршниот слој на фасадата, при што користиме глетарица.

close me

Топлотна изолација на под

  • image

    1.подлогата мора да се исчисти и израмни

  • image

    2.да се третира површината со прајмер - ладен премаз(доколку има потреба од хидроизолација)

  • image

    3.се поставува xидроизолацијата (доколку има потреба од хидроизолација)

  • image

    4.се поставува дилетациона лента

  • image

    5.се поставуваат Termopor таблите со густина од 30кг/м³(во два слоја е идеално)

  • image

    6.се покриваат со ПЕ фолија

  • image

    7.се изведува бетонскиот слој (се препорачува употреба на тенка арматурна мрежа)