Наши производи
Совети:
Термофасада
TERMOPOR термофасадата претставува термоизолационен систем за надворешно обложување на објектите.
Основната цел на ТЕРМОПОР термофасада е да овозможи пријатна атмосфера за живење внатре во објектите за што помалку пари. Односно трошоците за греење во зима и ладење во лето да бидат минимални.
Елементите од кои е составена TERMOPOR термофасадата се:
- TERMOPOR eps во табли
- препорака 20 кг/м3; дебелина мин. 70 мм
- МАРМОДОМ ФЛ 100 лепило за TERMOPOR
- Рабиц мрежа
- препорака 145 гр/м2
- Типли
- Почетна лајсна (цокл шина)
- Ќош лајсни
- МАРМОДОМ ФЛ 100 СТ втор завршен слој
- Абрип, или фасада по избор на инвеститорот
TERMOPOR термофасадата се поставува врз сите подлоги и тоа:
- Цигла
- Полна тула
- Бетонски блок
- Бетон
- Дрво
- ОСБ
Процедура на апликацијата:
- Најпрво се исчистува површината на ѕидот врз кој треба да се лепат таблите од TERMOPOR ( се мисли на механичко чистење)
- Пред поставувањето на првата плоча на TERMOPOR потребно е на почетокот ( дното) на ѕидот да е постави и нивелира ( пушти конец, васер вага) почетната лајсна, цокл шината.
- Врз таблите TERMOPOR се нанесува специјалното лепило МРАМОДОМ ФЛ 100, на ивиците на таблата и со две топки на средината
- Таблите TERMOPOR сe лепат на ѕидот хоризонтално по должина ( вториот ред на средина на првиот)
- На веќе поставените и правилно прицврстени табли TERMOPOR се нанесува вториот слој МАРМОДОМ ФЛ 100 СТ, овој слој се нанесува секогаш пред рабиц мрежата
- Рабиц мрежата пак се аплицира вертикално, и се втиснува во вториот слој од МАРМОДОМ ФЛ 100 СТ
- Се аплицираат типлите
- Крајниот слој зависи од инвеститорот, каква фасада е избрана