arrow arrow

Термофасада

TERMOPOR термофасадата претставува термоизолационен систем за надворешно обложување на објектите.

Основната цел на ТЕРМОПОР термофасада е да овозможи пријатна атмосфера за живење внатре во објектите за што помалку пари. Односно трошоците за греење во зима и ладење во лето да бидат минимални.

Елементите од кои е составена TERMOPOR термофасадата се:

  • TERMOPOR eps во табли
    • препорака 20 кг/м3; дебелина мин. 70 мм
  • МАРМОДОМ ФЛ 100 лепило за TERMOPOR
  • Рабиц мрежа
    • препорака 145 гр/м2
  • Типли
  • Почетна лајсна (цокл шина)
  • Ќош лајсни
  • МАРМОДОМ ФЛ 100 СТ втор завршен слој
  • Абрип, или фасада по избор на инвеститорот

TERMOPOR термофасадата се поставува врз сите подлоги и тоа:

  • Цигла
  • Полна тула
  • Бетонски блок
  • Бетон
  • Дрво
  • ОСБ

Процедура на апликацијата:

  • Најпрво се исчистува површината на ѕидот врз кој треба да се лепат таблите од TERMOPOR ( се мисли на механичко чистење)
  • Пред поставувањето на првата плоча на TERMOPOR потребно е на почетокот ( дното) на ѕидот да е постави и нивелира ( пушти конец, васер вага) почетната лајсна, цокл шината.
  • Врз таблите TERMOPOR се нанесува специјалното лепило МРАМОДОМ ФЛ 100, на ивиците на таблата и со две топки на средината
  • Таблите TERMOPOR сe лепат на ѕидот хоризонтално по должина ( вториот ред на средина на првиот)
  • На веќе поставените и правилно прицврстени табли TERMOPOR се нанесува вториот слој МАРМОДОМ ФЛ 100 СТ, овој слој се нанесува секогаш пред рабиц мрежата
  • Рабиц мрежата пак се аплицира вертикално, и се втиснува во вториот слој од МАРМОДОМ ФЛ 100 СТ
  • Се аплицираат типлите
  • Крајниот слој зависи од инвеститорот, каква фасада е избрана
close me

Термоизолирање одвнатре на објектот

Овиј начин се практикува единствено во случаеви кога е невозможно да се работи однадвор, во случаеви на голема висина (кај стамбени згради), проблеми со соседи, неможност за пристап и слично.

close me

Сендвич ѕид

Во мианатото, а во некои случаи и сега е доста практикуван начин на изолирање, најмногу форсиран од т.н. стари мајстори и градежници заради подолга работа и можност да се покријат евентуални грешки.

close me

Надворешна термо фасада TERMOPOR

close me

Како се лепи TERMOPOR-F?

  • image

    1.Површината (туле, бетон и сл.) на која ќе се лепи TERMOPOR-F, мора да биде исчистена одпрашина и поголеми нерамнини.

  • image

    2.Во подножјето на ѕидот се поставува цокл профил чии димензии зависат од дебелината на TERMOPOR-F табелите, на пример ако се користат табли со дебелина од 50mm, тогаш цокл профилот мора да биде со дебелина од 53mm.

  • image

    3.Цокл профилот на ѕидот се прицврстува со стандардни шрафови и типли. Евентуално како замена на цокл профилите може да послужи и дрвена летва чија дебелина одговара на дебелината на TERMOPOR-F таблите, кои се користат за термоизолација.

  • image

    4.Долж прицврстената цокл шина на ѕидот се лепи рабиц мрежичка, чиј долен крај после поставувањето на првата табла се превртува на неа. За лепење на мрежичката на мрежичката се користи лепило за стиропор.

  • image

    5.TERMOPOR-F 20kg/m³ таблите се лепат на ѕидот на тој начин што лепилото рамномерно се распоредува по сите ивици на таблата и плус на уште неколку места по таблата.

  • image

    6. Секој нов ред отпочнува на половина од долната табла.

  • image

    7.Откако ке се заврши со летење на TERMOPOR-F таблите, на надворешните ивици на сите отвори на фасадата (врати, прозорци и др.) се преминува на лепење на аголни ПВЦ профили со мрежичка.

  • image

    8.На залепените TERMOPOR-F табли се нанесува слој од лепило и во него се втиснува рабиц мрежа(5x5mm). Рабицот се поставува така да има преклоп.

  • image

    9.Со додавање на малку леписо се оди на завршно глетување, а после 24 саати, со ваљак се нанесува на целата површина слој од темелната (грунд) маса.

  • image

    10.Неколку часови одкако ке се заврши со нанесувањето на основниот грунд, може да се отпочне со нанесување на завршниот слој на фасадата, при што користиме глетарица.

close me

Топлотна изолација на под

  • image

    1.подлогата мора да се исчисти и израмни

  • image

    2.да се третира површината со прајмер - ладен премаз(доколку има потреба од хидроизолација)

  • image

    3.се поставува xидроизолацијата (доколку има потреба од хидроизолација)

  • image

    4.се поставува дилетациона лента

  • image

    5.се поставуваат Termopor таблите со густина од 30кг/м³(во два слоја е идеално)

  • image

    6.се покриваат со ПЕ фолија

  • image

    7.се изведува бетонскиот слој (се препорачува употреба на тенка арматурна мрежа)