Изолмак-Фибран

За нас

Од трговија со изолациони материјали во 1995 до еден од најголемите производители на EPS во регионот.

Магацин на Изолмак-Фибран
  • 1995Во изолацијата на објекти од 13 февруари 1995 година
  • 2003Сопствена фабрика за TERMOPOR EPS и Grafit+ во Струмица
  • 2Изолациски центри: Струмица и Скопје (Кадино, од 2012)
  • Бр. 1Најголем увозник на камена волна во Северна Македонија

Нашата приказна

ИЗОЛМАК ФИБРАН ДОО е компанија која започнува со работа на 13.02.1995 година.

Во периодот од 1995 година до 2002 година компанијата исклучиво се занимава со трговија и дистрбуција на термоизолациони материјали, и ги застапува познатите производители на изолациони материјали:

IZOCAM - Истанбул, Турција

  • Izocam glasswool

FIBRAN - Солун, Грција

  • FIBRANgeo камена волна
  • FIBRANxps екструдиран полистирен, стиродур

Во 2003 година ИЗОЛМАК ФИБРАН ДОО ги отвара своите производствени капацитети во Индустриска зона Север Струмица, фабрика за производство на експандиран полистирен (EPS) познат под името TERMOPOR и графитен стиропор под името ГРАФИТ/ГРАФИТ ЕТИКС.

Во 2012 година се отвара Изолациски центар ИЗОЛМАК ФИБРАН ДОО во Индустриска зона Кадино, Скопје – кој претставува главно седиште за дистрибуција на изолациони материјали во тој дел на државата.

Денес, ИЗОЛМАК ФИБРАН ДОО е еден од најголемите производители на EPS во регионот и најголем увозник на камена волна на териториите на РСМ.

Секоја година се имплементираат нови производствени процеси се со цел навремено, брзо и квалитетно производство на стиропор и материјали од стиропор.

ИЗОЛМАК-ФИБРАН е општествено одговорна компанија која тежи кон развој на иновативни материјали се со зголемување на енергетската ефикасност на објектите.

Ви треба совет за изборот?

Испратете ни го проектот или прашањето: заедно ќе го избереме составот и материјалите.