Решенија

Изолација за секој дел од објектот

Од подната плоча до покривот: системи со FIBRANgeo, FIBRANxps и EPS, и техничка поддршка при проектирањето и изведбата.

Современа фасада

01 · Решенија

Покрив

Покривот го штити објектот од атмосферски влијанија и значително придонесува за енергетската ефикасност и долговечноста на објектот.

Производи во овие решенија

FIBRANgeoFIBRANxps

Сите решенија за покрив

04 · Решенија

Внатрешна изолација

Кога термоизолацијата не може да се вгради од надворешната, студената страна на ѕидот, се поставува од внатрешната, топлата страна. Не е прв избор, но во одредени ситуации е единственото можно и функционално решение.

Кога се применува

  • Кога треба постојано да се одржува одредена температура: ладилни простории, базени и слично
  • Кога просториите се користат повремено или само дел од денот
  • Кога се изолираат само одредени простории или ѕидови кон незагреани простори
  • Кога изолацијата не смее или не може да се постави однадвор
  • Кај заштитени или релјефни фасади (културно наследство), или кога подебел ѕид би ја намалил законската оддалеченост до соседната парцела

Состав на ѕидот, однадвор кон внатре

  1. 1Надворешен малтер
  2. 2Надворешен ѕид
  3. 3FIBRANxps ETICS GF
  4. 4Внатрешен малтер, армиран со мрежица

Поради ризикот од топлински мостови и кондензација на водена пареа, решението мора прецизно да се проектира и правилно да се изведе.

Повеќе за внатрешната изолација

Кое решение е за вашиот објект?

Испратете ни го проектот или прашањето: заедно ќе го избереме составот и материјалите.