Решенија
Внатрешна изолација
Внатрешна изолација за ѕидови кога надворешна не е можно: за ладилници, базени, делумни ѕидови и објекти со заштитени фасади.
За решението
Кога термоизолацијата не може да се вгради од надворешната, односно студената страна на ѕидот, неопходно е таа да се постави од внатрешната, топлата страна. Иако ова решение не е прв избор, во одредени ситуации е единствено можно и функционално.
Поради ризикот од појава на топлински мостови и кондензација на водена пареа, ваквото решение мора да биде прецизно проектирано и правилно изведено.
Внатрешната изолација се применува:
- кога е потребно постојано одржување на одредена температура (ладилни простории, базени и сл.)
- кога просториите се користат повремено или само дел од денот
- кога се изолираат само одредени простории или ѕидови кои граничат со незагреани простори
- кога изолацијата не смее или не може да се постави од надворешната страна
- кај објекти со заштитени или релјефни фасади (културно наследство) или кога зголемувањето на дебелината на ѕидот би ја намалило законската оддалеченост до соседната парцела
Состав на ѕид со внатрешна термоизолација
- 1Надворешен малтер
- 2Надворешен ѕид
- 3FIBRANxps ETICS GF
- 4Внатрешен малтер (армиран со мрежица)
Други решенија
Сите решенијаКое решение е за вашиот објект?
Испратете ни го проектот или прашањето: заедно ќе го избереме составот и материјалите.


