Изолмак-Фибран

Техничка поддршка

Техничка поддршка на градилиштето и во вашата канцеларија: со вас го разгледуваме решението и советуваме за деталите.

Кому помагаме

Кажете ни кои сте и формуларот подолу ќе ги постави вистинските прашања.

Проектанти

Изолмак-Фибран ги поддржува своите бизнис-партнери

Тимот за техничка поддршка и развој може да ви помогне при изработка на вашиот проект и да предложи решенија за проблеми од доменот на изолирање, а истовремено да биде ваш консултант за енергетска ефикасност и заштеда на енергија.

Изведувачи

Доколку сте мајстор

Изолмак-Фибран има различни производи и системи кои може да ја олеснат вашата работа и да го заштедат вашето време на градилиштето.

Трговци

Изолмак-Фибран ги поддржува своите трговци

Производите FIBRANxps, FIBRANgeo и FIBRANskin се со исклучителен квалитет, овозможуваат брза и лесна инсталација и ги задоволуваат потребите на вашите клиенти. Луѓето од Изолмак-Фибран се тука за вас.

Бидејќи произведуваме специјални производи за топлинска изолација, би сакале да ги видиме соодветно и професионално поставени. Само на овој начин ќе ефективно ќе придонесат за енергетскиот биланс на зградата.

Нудиме техничка поддршка на сите учесници во градежништвото:

  • Архитекти и инженери,
  • Изведувачи,
  • Супервизори,
  • Продавачи на материјали,
  • Инвеститорите и
  • Сопственици на домови.

Доколку ви треба помош, ве молиме контактирајте нè на info@izolmak.com.mk или пополнете го формуларот за контакт на оваа страница.

Вие сте

Податоците од формуларот ги користиме само за да ви одговориме. Политика за приватност