arrow arrow

Termopor® изолација

image
  • Полистирен: материјал со долга и успешна историја
    • Полистиренот е пронајден во 1839 година од еден апотекар во Берлин, Германија, од storax природен остаток од дрвото Liquidambar orientalis, тој дестилирал маслена супстанца, мономер која ја нарекол стирол
    • во 1930 година научнисите во BASF, Ludvigshafen, Германија усовршија начин како стиролот да го произведуваат комерцијално
    • во 1954 година денешниот полистирен (пенаст) беше случајно откриен во САД, еден хемичар обидувајќи се да пронајде лесен електричен изолатор заснован врз полистирен, комбинира стирен со изобутулиен под притисок, добива полистиренска пена 30 пати полесна од нормалниот тврд полистирен

КАРАКТЕРИСТИКИ

  • ЕПС (експандиран полистирен) е производ со широк спектар на изолациони вредности. Во структурата на ЕПС се содржи 98% воздух, не е токсичен, отпорен е на влага и не гние. ЕПС примарно се користи како ефективна термоизолација за ѕидови, покриви и подови кај сите видови на објекти. Може да биде произведен во широка палета на димензии и форми. Огромна примена има во амбалажната и прехрамбената индустрија, а исто така и во земјоделството
  • мала тежина
    • TERMOPOR EPS е ефективно 98% затворен воздух, и 2% материјал со многу мала тежина. Густините во кои стандардно се произведува се од 15-35 кг/м3, му овозможуваат широка примена во градежните работи, а во исто време е лесен и едноставен за транспорт до објектот и внатре во него. Предноста на така лесен материјал а со голема цврстина се огледа кај масивните конструции каде е потребен дебел слој, а во исто време да биде лесен и цврст, а на крајот и ефтин. На пример кај носечките конструкции, меѓукатните конструкции и слично
  • цврстина, структурна стабилност
    • без разлика на малата тежина, единствената структура на TERMOPOR EPS, придонесува за неговата исклучителна цврстина. Намокрувањето на материјалот (изложеност на дожд) во никој случај не ги намалува нејзините карактеристики во однос на димензионалната стабилност, носивост (како што е случај кај влакнестите изолации, камена& стаклена волна) Ова значи дека е идеален за користење во градежништвото кај катни контрукции, мостови и сл. На пример направен е тест на издржливост на ЕПС во Германија кој бил закопан во земја 30 години, и резултатите се извонредни, неговата сила на компресија е 100 Kp, што покажува дека и покрај годините неговата структура има постојана стабилност и непроменетост.
  • Економичност
    • TERMOPOR EPS е потврден во градежништвото како материјал кој е скоро секаде употреблив, ефтин, лесно се наоѓа – го има во сите стоваришта, и што е најважно го штити определениот буџет за изградба на објектот. TERMOPOR EPS е еден од најекономичните материјали кои се во употреба во градежништвото, за него не е потрбна специјална опрема за ракување, едноставно се сече, нема тежина, долговечен е, не прима влага, а со цена е далеку под сите слични материјали. На крај неговата економичност не завршува со аплицирањето и градењето, туку напротив трае колку што се користи објектот.
  • Отпорност на влага
    • TERMOPOR EPS не апсорбира влага, и е отпорен на секаква деградација на изолационите својства кои ги предизвикува водата, влагата или мувлата ( како кај камената волна на пример). Кондензацијата е главен проблем на структурата на секоја фасада, кај не-изолираните објекти влажните петна се многу честа појава, и тие со тек на време се развиваат и манифестираат трајно оштетување на објектот кој потоа многу тешко се санира
  • Ракување и апликација
    • TERMOPOR EPS е лесен, тврд материјал, безбеден за употреба и за апликација. Едноставноста при неговото сечење и моделирање овозможува широк спектар на негова употреба при детали на фасадите (околу прозорци, врати и слично). Цементот, варта, малтер, гипс се комплементарни материјали со TERMOPOR EPS и врз него немаат никакво негативно влијание, напротив заедно со него можат да се употребуваат во најразлични фази на градбата на објектите
close me

Термоизолирање одвнатре на објектот

Овиј начин се практикува единствено во случаеви кога е невозможно да се работи однадвор, во случаеви на голема висина (кај стамбени згради), проблеми со соседи, неможност за пристап и слично.

close me

Сендвич ѕид

Во мианатото, а во некои случаи и сега е доста практикуван начин на изолирање, најмногу форсиран од т.н. стари мајстори и градежници заради подолга работа и можност да се покријат евентуални грешки.

close me

Надворешна термо фасада TERMOPOR

close me

Како се лепи TERMOPOR-F?

  • image

    1.Површината (туле, бетон и сл.) на која ќе се лепи TERMOPOR-F, мора да биде исчистена одпрашина и поголеми нерамнини.

  • image

    2.Во подножјето на ѕидот се поставува цокл профил чии димензии зависат од дебелината на TERMOPOR-F табелите, на пример ако се користат табли со дебелина од 50mm, тогаш цокл профилот мора да биде со дебелина од 53mm.

  • image

    3.Цокл профилот на ѕидот се прицврстува со стандардни шрафови и типли. Евентуално како замена на цокл профилите може да послужи и дрвена летва чија дебелина одговара на дебелината на TERMOPOR-F таблите, кои се користат за термоизолација.

  • image

    4.Долж прицврстената цокл шина на ѕидот се лепи рабиц мрежичка, чиј долен крај после поставувањето на првата табла се превртува на неа. За лепење на мрежичката на мрежичката се користи лепило за стиропор.

  • image

    5.TERMOPOR-F 20kg/m³ таблите се лепат на ѕидот на тој начин што лепилото рамномерно се распоредува по сите ивици на таблата и плус на уште неколку места по таблата.

  • image

    6. Секој нов ред отпочнува на половина од долната табла.

  • image

    7.Откако ке се заврши со летење на TERMOPOR-F таблите, на надворешните ивици на сите отвори на фасадата (врати, прозорци и др.) се преминува на лепење на аголни ПВЦ профили со мрежичка.

  • image

    8.На залепените TERMOPOR-F табли се нанесува слој од лепило и во него се втиснува рабиц мрежа(5x5mm). Рабицот се поставува така да има преклоп.

  • image

    9.Со додавање на малку леписо се оди на завршно глетување, а после 24 саати, со ваљак се нанесува на целата површина слој од темелната (грунд) маса.

  • image

    10.Неколку часови одкако ке се заврши со нанесувањето на основниот грунд, може да се отпочне со нанесување на завршниот слој на фасадата, при што користиме глетарица.

close me

Топлотна изолација на под

  • image

    1.подлогата мора да се исчисти и израмни

  • image

    2.да се третира површината со прајмер - ладен премаз(доколку има потреба од хидроизолација)

  • image

    3.се поставува xидроизолацијата (доколку има потреба од хидроизолација)

  • image

    4.се поставува дилетациона лента

  • image

    5.се поставуваат Termopor таблите со густина од 30кг/м³(во два слоја е идеално)

  • image

    6.се покриваат со ПЕ фолија

  • image

    7.се изведува бетонскиот слој (се препорачува употреба на тенка арматурна мрежа)