Наши производи
Совети:
Fibran XPS
Како одговор на Европските закони кои сѐ однесуваат на користење на алтернативни гасови во процесот на производство на екструдиран полистерен, FIBRAN ви го претставува новиод производ FIBRAN XPS.
Развиен после долгогодишно истражување во соработка со добро познати институции и универзитети, FIBRAN XPS гарантира оптимални перформанси и еколошки процес на производство.
СЕНДВИЧ ЅИДОВИ
Употребата на FIBRAN XPS во т.н. “сендвич ѕидови“, значително ги подобрува термоизолационите својства на овие ѕидови. При употребата на овој систем FIBRAN XPS таблите терба да бидат поставени помеѓу двата ѕида и фиксиран на внатрешниот, со специјални типли. Идеалниот спој помеѓу таблите е од големо значење за избегнување на создавање на топлински мостови, и циркулацијата на воздух, кои се најчести недостатоци кај останатите термоизолациони материјали.
ПОД И ПОДРУМСКИ ПРОСТОРИИ
Многу високите механички својства го прават FIBRAN XPS единствено решение за подна изолација. Уште повеќе, затворената клеточна структура и отпорноста на влага го прават идеален за изолација на пордумски простории, каде што изолациониот материјал е во директен контакт со земјата и водата.
РАМЕН КРОВ
Кај обратната кровна апликација, FIBRAN XPS сѐ поставува врз слојот водозаштита (хидроизолација). Ова е возможно заради затворената клеточна структура и посебната обработка на површината, кои заедно го прават FIBRAN XPS: водонепропустен, многу ниска термопроводливост која останува константна со тек на време, издржлив на циклусите за мрзнење=загревање, стабилен во димензиите и отпорен на притисок. На крај вака поставениот систем е многу лесен за контролирање.
ТЕРМО ФАСАДИ
Овој систем овозможува да термоизолацијата биде непрекинат слој на надворешната површина на објектот. Таблите од FIBRAN ECO сѐ поставени на објектот од надворешната страна со помош на типли и посебни лепила. Малтерисувањето врз FIBRAN XPS сѐ врши со посебни материјали за подобрување на еластичноста и врската со стаклената рабиц мрежа. Овој метод осигурува долгогодишен живот на фасадата и извонредни резултати во однос на заштедата на енергија за греење.
НЕПРЕКИНАТА ЕВОЛУЦИЈА ВО ТЕРМО ИЗОЛИРАЊЕТО
Таблите од екструдиран полистирен ги содржат сите најсовремени услови кои треба да се достигне терминот апсолутна термоизолација. Оваа констатација е изведена врз основа на единствената комбинација на следните карактеристики на FIBRAN XPS:
- Одлични термоизолациони карактеристики (многу ниска λ)
- Многу ниска абсорбција на вода и влага
- Висока механичка отпорност
- Многу висока сила на компресија
- Самогасиви својства
- Апсолутна димензионална стабилност
- Вооедначеност на густината
- Неосетливост на киселини и бази
- Инертност на климатски варијации
- Компитабилност со сите градежни материјали (цемент, вар, гипс итн.)
- Лесен за транспорт, сечење и употреба
- И најважно од се, сите овие наведени предности остануваат постојани со тек на време.
Овие единствени предности кои ги има FIBRAN XPS се благодарение на посебниот процес на производство, перфектната клеточна структура, кои го издвојуваат над останатите познати изолациони материјали како: стаклена волна, стиропор, полиуретан, плута итн. и го прават употреблив за било која фаза од термоизолирањето: ѕид, кров (кос или рамен), бетонските делови, подруми и сл.