Наши производи
Совети:
Енергетска ефикасност
- КОСИ ПОКРИВИ И ТАВАНСКИ КОНСТРУКЦИИ
- околу 42% од загубите на топлина на просечните не-изолирани објекти(домови) се манифестира низ косите покриви и тавански конструкции, кај постари објекти таа загуба е и до 60%. Или во бројки:
- доколку трошите 2000 литри нафта за греење околу 840 литри ви бегаат низ покривот и таванските конструкции
- во пари 2000 л * 40 ден = 80.000 денари
- загубата е 840*40ден = 33.600 денари/годишно се разбира
- околу 42% од загубите на топлина на просечните не-изолирани објекти(домови) се манифестира низ косите покриви и тавански конструкции, кај постари објекти таа загуба е и до 60%. Или во бројки:
- ЅИДОВИ
- кај ѕидовите загубата на топлинската енергија е околу 24% кај не-изолираните објекти. Секако тука мораме да водиме сметка и за големината на прозорците кои се исто така неверојатно голем расипник на енергијата. Колку се поголеми прозорските окна, балконските окна, толку е поголема загубата на топлинската енергија во зима, односно е пожешко во лето (ситуација на стаклена башта). Како пример за штедење на енергија можеме да ги погледнеме старите македонски куќи кои имаат мали и вовлечени прозорски отвори
- самото изолирање на ѕидовите може да се изврши на неколку начини, во зависност од објектот кој треба да се изолира:
- кај новите објекти се практикува директна апликација на TERMOPOR EPS со систем на TERMOPOR® термофасада
- кај постојните објекти се излупува старата фасада, и се нанесува TERMOPOR® термофасадата
- во објектите кај кои е невозможно да се изолира однадвор (заради висина, комшии и сл) се практикува термоизолирање одвнатре, т.н внатрешна термофасада, или пак со гипс картонски систем