arrow arrow

Термо изолирање со Grafit +

Потенки табли, подобри перформанси Grafit +

Веќе со децении наназад Styropor® е бренд кој се поистоветува со ефекна термоизолација. Но, дури и класиците еволуираат. Резултат на интензивното истражување на BASF е Grafit +, сив изолационен материјал наследник на класичниот Styropor®.

BASF AG произведува Grafit + во форма на полиестерски гранули, збогатени со графит, плус агенс за експандирање. Новата, иновативна технологија успеа да ги подобри, термоизолационите способности на панелите направени од Grafit +, во споредба со постојните на класичниот Styropor®.

Во споредба со конвенционалниот EPS, Grafit + може да ги достигне истите изолациони својства со просечно употребен помалку материјал.

Заштеда на енергија и пари

Многу стари згради трошат повеќе од 200kWh/m2 годишно, за загревање. Изразено во нафта за греење, ова значи просечно 20 литри се потребни во една сезона на 1m2 животна средина. Изразено во m3 gas, потрошувачката изнесува 20m3 за една сезона. Последователно, една обична семејна куќа со 150m2 простор за живеење, со потреба за греење од 200kWh/m2 годишно, консумира просечно 3000 литри нафта, или 3000m3 гас за една грејна сезона. Овие загрижувачко високи цифри можат да бидат во голема мерка редуцирани со преземање на конкретни мерки за изолација на објектот. Студиите покажаа дека заштедата на енергија со повеќе од 50% може многу едноставно да се постигне со термоизолирање. Парите потрошени за изолирање се враќаат само после една грејна сезона.

Апликација на Grafit +

Grafit + може да се аплицира на сите градежни конструкции каде EPS се докажа во последните 50 години:

  • Внатрешна и надворешна изолација на надворешни ѕидови
  • Акустична изолација
  • Изолација на катни подови
  • Изолација на подрумски подови
  • Изолација на рамни кровови

Проект на годината во Германија 3-ЛИТАРСКА КУЌА

Фактот дека стара куќа без изолација може да биде претворена во куќа која заштедува енергија и троши апсолутен минимум гориво за греење го потврди BASF во Ludwighafen, Германија со проектот кој воедно е прогласен за проект на годината во Германија 3-ЛИТАРСКА КУЌА.

Оваа куќа е изградена 1930 година, и во споредба со практично новата која се доби со реновирање трошеше 7 пати повеќе гориво за греење одколку сега, после завршувањето на проектот. Во бројки, до реновирањето потрошувачката на гориво беше 23 литри нафта на 1m2 во сезона, а после изолирањето потрошувачката се намали на фантастични 3 (три) литри нафта на 1m2 по сезона, односно за 100m2 од 700€ на 100€.

Заштедата се должи првенствено на користењето на термичка изолација со 20cm Grafit + плочи на надворешните ѕидови.

Предлог за примена на Grafit +, со пресметан бенефит

Состојба без изолација Изолација со 100mm Grafit + Изолација со 120mm Grafit + Изолација со 140mm Grafit + Изолација со 160mm Grafit +
Коефициент на трансмисија на топлина (U вредност) W/m2* K 1.6 0.29 0.25 0.22 0.19
Потребна вредност за загревање Qh вредност kWh/yr на m2 121 22 19 16.5 14.5
Потребна енергија во kWh/yr = 0.86 на m2 141 25.5 22 19 17
Нафта за греење L/(m2/yr) или гас 14.1 2.6 2.2 1.9 1.7
Заштеда на нафта или гас по 1m2/годишно ... 11.5 11.9 12.2 12.4
Заштеда на нафта или гас на 100m2/годишно ... 1.150 1.190 1.220 1.240
Заштеда на нафта или гас на 100m2/за период од 30 години ... 24.500 35.700 36.600 37.200
Трошок на Grafit + m3 ... 10 12 14 16
close me

Термоизолирање одвнатре на објектот

Овиј начин се практикува единствено во случаеви кога е невозможно да се работи однадвор, во случаеви на голема висина (кај стамбени згради), проблеми со соседи, неможност за пристап и слично.

close me

Сендвич ѕид

Во мианатото, а во некои случаи и сега е доста практикуван начин на изолирање, најмногу форсиран од т.н. стари мајстори и градежници заради подолга работа и можност да се покријат евентуални грешки.

close me

Надворешна термо фасада TERMOPOR

close me

Како се лепи TERMOPOR-F?

  • image

    1.Површината (туле, бетон и сл.) на која ќе се лепи TERMOPOR-F, мора да биде исчистена одпрашина и поголеми нерамнини.

  • image

    2.Во подножјето на ѕидот се поставува цокл профил чии димензии зависат од дебелината на TERMOPOR-F табелите, на пример ако се користат табли со дебелина од 50mm, тогаш цокл профилот мора да биде со дебелина од 53mm.

  • image

    3.Цокл профилот на ѕидот се прицврстува со стандардни шрафови и типли. Евентуално како замена на цокл профилите може да послужи и дрвена летва чија дебелина одговара на дебелината на TERMOPOR-F таблите, кои се користат за термоизолација.

  • image

    4.Долж прицврстената цокл шина на ѕидот се лепи рабиц мрежичка, чиј долен крај после поставувањето на првата табла се превртува на неа. За лепење на мрежичката на мрежичката се користи лепило за стиропор.

  • image

    5.TERMOPOR-F 20kg/m³ таблите се лепат на ѕидот на тој начин што лепилото рамномерно се распоредува по сите ивици на таблата и плус на уште неколку места по таблата.

  • image

    6. Секој нов ред отпочнува на половина од долната табла.

  • image

    7.Откако ке се заврши со летење на TERMOPOR-F таблите, на надворешните ивици на сите отвори на фасадата (врати, прозорци и др.) се преминува на лепење на аголни ПВЦ профили со мрежичка.

  • image

    8.На залепените TERMOPOR-F табли се нанесува слој од лепило и во него се втиснува рабиц мрежа(5x5mm). Рабицот се поставува така да има преклоп.

  • image

    9.Со додавање на малку леписо се оди на завршно глетување, а после 24 саати, со ваљак се нанесува на целата површина слој од темелната (грунд) маса.

  • image

    10.Неколку часови одкако ке се заврши со нанесувањето на основниот грунд, може да се отпочне со нанесување на завршниот слој на фасадата, при што користиме глетарица.

close me

Топлотна изолација на под

  • image

    1.подлогата мора да се исчисти и израмни

  • image

    2.да се третира површината со прајмер - ладен премаз(доколку има потреба од хидроизолација)

  • image

    3.се поставува xидроизолацијата (доколку има потреба од хидроизолација)

  • image

    4.се поставува дилетациона лента

  • image

    5.се поставуваат Termopor таблите со густина од 30кг/м³(во два слоја е идеално)

  • image

    6.се покриваат со ПЕ фолија

  • image

    7.се изведува бетонскиот слој (се препорачува употреба на тенка арматурна мрежа)