arrow arrow

Termoroof - Термоизолација под ќерамидите

T E R M O R O O F или термопокрив,

е систем за термоизолирање на коси покриви под ќерамидите.

Посебно дизајнирани и произведени изолациони панели од ЕПС кои составени помеѓу себе на покривот формираат слој од термоизолација, слој од хидроизолација и седишта за ќерамиди.

Сите панели се со L жлеб од сите четири страни што овозможува 100% спојување и елиминирање на сите можни проблеми со термо мостови, протекување на вода и сл. Се монтираат врз веќе поставена даскена оплата(ОСБ) на косиот покрив, или пак директно врз претходно поставениот дрворед.

ПРЕДНОСТИ НА Termoroof :

  • едноставно поставување
  • изолациона брана на најосетливото место во куќата
  • под ќерамидите формира втора изолациона обвивка, ослободена од термо мостови
  • исклучително важен елемент при заштита од летните горештини
  • заштедува до 40% од трошоците за греење и ладење на горните спратови на куќата
  • не дозволува протекување на покривот, дури и ако ќерамидите се скршени, разместени од ветар и сл
  • ја чува дрвената конструкција сува и и го продолжува векот

Termoroof вистинска изолација на вистинско место просторот под ќерамидите е наjосетливото место на секоја куќа, во зима е главниот излез за топлината од домот, ниските температури прават огромни проблеми на подкровниот простор, кондензира влага, секогаш е ладно и слично.

И обратно во лето, жешко, спарно, без можности за разладување, нон-стоп работа на климатизерите.

Termoroof е вистинското решение за сите проблеми во лето и во зима, кај подкровните простории и кај куќите во целина. Поставен е на место каде мора да биде првата брана за топлината во летно време, и последна брана за излез на топлината во зимно време, замислете дека само 3 цм termoroof изолира 60 пати подобро од армирана бетонска плоча??

Да ја погледнеме споредбената табела:

Материјал λ (W/mK) Дебелина во цм U вредност W/m2K
Termoroof 0.035 3 цм 0.44
ОСБ плочи 0.160 13 цм 0.44
Армирано бетонска плоча 2.300 196 цм 0.44

Замислете колку тежи една армирано бетонска плоча со дебелина од 196 цм?, за споредба termoroof за еден просечен покрив од 200 м2 ќе тежи вкупно 150 кг, или 750 грама на м2!

Или пак кај ОСБ плочите, финансиската слика е уште пофрапантна, значи за да добиеме U вредност на покривот од 0.44 W/m2K, мораме на покривот да поставиме 1333 ОСБ плочи кои ќе не чинат 18.423,00 евра, а сметката со termoroof ќе биде само 1.066,оо евра?

Termoroof системот е долговечен, согласно искуствата во развиените земји овој систем е неколку пати потраен од ќерамидите на пример, кои мораме да ги менуваме нормално на секои 30 години.

Termoroof системот овозможува на покривот да ‘дише ‘

Влагата и водата се главните непријатели на сите т.н. ‘влакнести‘ изолатори (камена волна, стаклена волна), кај termoroof овие работи се непознати заради следното:

  • не е хигроскопен
  • не апсорбира влага
  • водонепропусен материјал

Termoroof е систем кој го штити покривот и од прокиснување , во ситуации кога поради различни причини има оштетување на ќерамидите, овој систем не дозволува водата да помине низ него, туку ја канализира ( низ специјалните канали за вода на него) водата директно во олуко

Понатаму,
Termoroof системот го продолжува животниот век на покривната конструкција, со тоа што ја штити од влага, од разлика во температура со што ја спречува кондензацијата кои се фактори кои го уништуваат дрвото, а со тоа и самата конструкција на покривите.

close me

Термоизолирање одвнатре на објектот

Овиј начин се практикува единствено во случаеви кога е невозможно да се работи однадвор, во случаеви на голема висина (кај стамбени згради), проблеми со соседи, неможност за пристап и слично.

close me

Сендвич ѕид

Во мианатото, а во некои случаи и сега е доста практикуван начин на изолирање, најмногу форсиран од т.н. стари мајстори и градежници заради подолга работа и можност да се покријат евентуални грешки.

close me

Надворешна термо фасада TERMOPOR

close me

Како се лепи TERMOPOR-F?

  • image

    1.Површината (туле, бетон и сл.) на која ќе се лепи TERMOPOR-F, мора да биде исчистена одпрашина и поголеми нерамнини.

  • image

    2.Во подножјето на ѕидот се поставува цокл профил чии димензии зависат од дебелината на TERMOPOR-F табелите, на пример ако се користат табли со дебелина од 50mm, тогаш цокл профилот мора да биде со дебелина од 53mm.

  • image

    3.Цокл профилот на ѕидот се прицврстува со стандардни шрафови и типли. Евентуално како замена на цокл профилите може да послужи и дрвена летва чија дебелина одговара на дебелината на TERMOPOR-F таблите, кои се користат за термоизолација.

  • image

    4.Долж прицврстената цокл шина на ѕидот се лепи рабиц мрежичка, чиј долен крај после поставувањето на првата табла се превртува на неа. За лепење на мрежичката на мрежичката се користи лепило за стиропор.

  • image

    5.TERMOPOR-F 20kg/m³ таблите се лепат на ѕидот на тој начин што лепилото рамномерно се распоредува по сите ивици на таблата и плус на уште неколку места по таблата.

  • image

    6. Секој нов ред отпочнува на половина од долната табла.

  • image

    7.Откако ке се заврши со летење на TERMOPOR-F таблите, на надворешните ивици на сите отвори на фасадата (врати, прозорци и др.) се преминува на лепење на аголни ПВЦ профили со мрежичка.

  • image

    8.На залепените TERMOPOR-F табли се нанесува слој од лепило и во него се втиснува рабиц мрежа(5x5mm). Рабицот се поставува така да има преклоп.

  • image

    9.Со додавање на малку леписо се оди на завршно глетување, а после 24 саати, со ваљак се нанесува на целата површина слој од темелната (грунд) маса.

  • image

    10.Неколку часови одкако ке се заврши со нанесувањето на основниот грунд, може да се отпочне со нанесување на завршниот слој на фасадата, при што користиме глетарица.

close me

Топлотна изолација на под

  • image

    1.подлогата мора да се исчисти и израмни

  • image

    2.да се третира површината со прајмер - ладен премаз(доколку има потреба од хидроизолација)

  • image

    3.се поставува xидроизолацијата (доколку има потреба од хидроизолација)

  • image

    4.се поставува дилетациона лента

  • image

    5.се поставуваат Termopor таблите со густина од 30кг/м³(во два слоја е идеално)

  • image

    6.се покриваат со ПЕ фолија

  • image

    7.се изведува бетонскиот слој (се препорачува употреба на тенка арматурна мрежа)